мај 8, 2026

Жителите на делчевската населба Први Реон на видео снимка забележале лице како подметнува пожар, а потоа со забрзани чекори го напушта местото. Настанот се случил во доцните вечерни часови на 9 јули, а видеото од надзорната камера, поставена во близина на критичниот потег, веќе е предадено на надлежните служби.

Инцидентот првично бил пријавен од страна на загрижен граѓанин кој забележал сомнителен чад, а потоа со преглед на снимките се потврдило дека станува збор за намерно подметнување.

Во услови кога температурата се искачува над 35 степени, а природата е сува и лесно запалива, ваквите постапки се не само неодговорни, туку и животозагрозувачки,“ стои во апелот на надлежните локални власти. Оттаму додаваат дека истрагата е во тек и се работи на идентификација на сторителот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK