мај 7, 2026

Фудбалерите на Копенхаген успеаја да се пласираат во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Данците во наредната рунда ќе играат против Шкендија или ФЦСБ.

Шампионот на Данска беше подобар од екипата на Дрита и во вториот натпревар, во Приштина победи со 1:0. Првиот меч во Копенхаген заврши со триумф на Копенхаген 2:0.

Единствениот стрелец беше искусниот Андреас Корнелиус, тој во 42.минута ја искористи асистенција од норвешкиот репрезентативец Мохамед Елјунуси.

Шкендија утре го игра преваншот во Букурешт, ќе ја брани предноста од 1:0. Доколку Шкендија помине во третото коло ќе игра против Копенхаген. Доколку биде елиминирана, Шкендија се сели во квалификациите за Лига Европа и противник ќе и биде Дрита.

Share

The post (Видео) Шкендија ќе игра против Копенхаген ако го мине ФЦСБ, ако испадне ја чека Дрита appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK