септември 19, 2024

Тетовецот Беким Мемети по кого трага полицијата заради вчерашниот напад врз затворски полицаец по пто избегал од возилото со кое требало да биде пренесен во болница и претходно бегал од затвор.

Тој избегал од затворот „Тетово“ и во 2008 година, каде требало да отслужи затворска казна од вкупно 5 и пол години затвор за разбојништво и за недозволено држење на оружје. По изрекувањето на казната Мемети бил пренесен во тетовскиот затвор од каде по осум дена побегнал.

Мемети во септември 2016 година убил човек во Мала Речица при расправија на две групи, по што избегал во странство.

Во 2020- година бил уапсен во Берлин во Германија од каде е екстрадиран во Македонија бидејќи во отсуство бил осуден на 20 години затвор за убиството.

Во повтореното судење за убиството, Мемети е осуден на 19 години затвор, но синоќа повторно бега од затворско комбе на пат кон болница. При бегството Мемети ранил затворски чувар од кого го зел пиштолот.

 

The post Затвореникот кој синоќа рани затворски чувар и претходно избегал од затвор appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK