декември 29, 2024

Преземено од Агротим.мк

Со цел попродуктивно и одржливо земјоделство, континуирано работиме на надградба и подобрување на информациските системи во земјоделството преку креирање на нови дигитални мерки, информираше министерот Љупчо Николовски.

Во таа насока се вклучува и изработката на агрометео веб-страницата и новата веб-платформа „E-земјоделство“ (http://e-zemjodelstvo.mk/ ), изготвени со техничка поддршка од Food and Agriculture Organization of the United Nations (FAO).

Новата веб платформа „E-земјоделство“ овозможува полесен пристап до постојните дигитални системи како Земјоделскиот пазарен информативен систем и тековни агрометеоролошки податоци.
Платформата воедно вклучува и новитети, како Национална база на просторни податоци преку глобалната Earth Map (www.earthmap.org) платформа (https://northmacedonia.earthmap.org/), а Северна Македонија е првата земја во светот која, со поддршка на ФАО, доби свој поддомен за просторни податоци кои подобро ќе ги информираат националните земјоделски политики, во насока на адаптација на земјоделското производство кон климатските промени на локално и национално ниво.

Преку aлатката Earth Map достапна и во сегментот „Карти“ на платформата Е-земјоделство, сите институтиции, земјоделци, научната и пошироката јавност имаат пристап до национални и меѓународни агро-еколошки просторни податоци за државата.
Дополнително, нешто што е многу значајно е дека во рамки на новата платформа „Е-земјоделство” им овозможуваме на земјоделците да водат евиденција на инпути (трошоци) и приходи за сопственото земјоделско стопанство преку алатката „Фарма”.

Преку оваа алатка секој производител има можност бесплатно да го подобри управувањето со сопственото земјоделско стопанство. Покрај евиденција, алатката нуди и можност за генерирање на автоматски извештаи за планирање на профитабилноста на различни земјоделски производи, со цел да се зголеми продуктивноста и да се намали употребата на производни материјали кои ја загадуваат животната средина.

The post Пуштена во употреба новата веб-платформа „E-земјоделство“ за полесен пристап на земјоделците до пазарниот информативен систем и тековните агрометеоролошки податоци appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK