мај 6, 2026

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено глувче, запалена опашка на лисица, скакулци, може и вештачки инсекти ги ширеле пожарите. Во гостувањето тој рече дека 90 отсто од пожарите, намерно или ненамерно, се предизвикани од човечки фактор.

Јас во текот на овие шест месеци видов сешто од глувче запалено кое ние пренесе пожар до лисица со запалена опашка во велешко ни направи страшна работа. Така да скакулците би сакал да ги продискутираме. Во текот на таа изјава која што беше дадена од нашите вработени ми се јавија неколку професори коишто ми кажаа дека постоја такви вештачки бубачки кои навистина може да пренесуваат пожари. Можеби треба да се направи добра анализа – изјави Михаилов.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK