мај 6, 2026

Видео денеска стана вирално на социјални мрежи но не поради некое достигнување, туку поради безобразно и безобѕирно управување со автомобил од страна на млади момчиња.

На видеото објавено на неколку социјални мрежи се гледа како автомобил, без регистарски таблички и видно оштетен во предниот дел превезува неколку момчиња од кои едното е качено на хаубата, а второто (совозачот) ја има отворено вратата и стои на прагот од автомобилот.

Сето ова се случува на булеварот „Партизански одреди“ во Ѓорче Петров, најверојатно доцна навечер судејќи дека коловозот е празен.

На овој потег има неколку пешачки премини, но поради брзото возење тука не се реткост прегазувањето на пешаци, ниту пак судари помеѓу автомобилите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK