септември 21, 2024
Рускиот претседател Владимир Путин изгуби контрола за време на средбата со претставници на руската влада, кога за време на презентацијата влезе во вербален конфликт со вицепремиерот Денис Мантуров.

Имено, како што може да се види на видеото кое го објави Кремљ, Путин не успеа да ги задржи изливите на гнев поради, како што велат многу аналитичари, бавното развивање на руската економија, а јавно го понижи вицепремиерот Денис Мантуров и уште еднаш ја потресе неговата висока команда.

Тензијата настана кога Мантуров го коригира претседателот откако Путин изјави дека одредени компании годинава не обезбедиле договори за изградба на нови авиони.

Мантуров, кој е и министер за трговија и индустрија, истакна дека сите инвестициски зафати се во тек, но се чини дека Путин не успеа да остане воздржан и парламентарен, па тоа го прекина со забелешка дека сето тоа трае предолг

– Во некои фирми нема нарачки ниту за 2023 година – истакна Путин, но Мантуров повторно го коригира тврдејќи дека Министерството за одбрана ја потврдило таа бројка.

Сепак, Путин инсистираше на тоа дека е во право во изјавите, но Мантуров го коригира по трет пат, по што дојде до огорченост и нервоза кај Путин.

– Да ја завршиме дискусијата, која е целта на оваа кавга со тебе? Директорите ми потврдија дека нема договор. Зошто се правиш луд? – Путин остро му се нафрли.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK