Синот на легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо, 17-годишниот Жоао Мендеш де Асис Мореира е пред потпис со Барселона. Жоао го раскина договорот со бразилскиот клуб Крузеиро предвреме, а според „Диарио спорт“, ако се покаже доволно добар, ќе добие договор со Јувенил А тимот на „Ноу Камп“.
За потсетување, Роналдињо е еден од најдобрите во историјата на Барселона, со која освои еден трофеј од Лигата на шампионите и две шпански титули. Во тој период ја освои и „Златната топка“.
The post Синот на Роналдињо пред потпис во Барселона appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде