септември 21, 2024

Овој едноставен рецепт ќе ви помогне целосно да го исчистите телото од насобраните токсини, да го забрзате метаболизмот и да го решите проблемот со запек.

Состојките благотворно делуваат на цревата, ја стимулираат нивната работа и ја обновуваат оштетената цревна флора. Покрај здравствените придобивки, ваквиот појадок ќе ви помогне и да се ослободите од насобраните килограми.
Се препорачува да го започнете утрото на овој начин три пати неделно.

Потребни состојки:
(мерката е 1 нормална лажица, како за супа)
3-5 лажици овесни снегулки (може да се користат и некои други видови снегулки – ‘рж, овес, хељда)
1 лажица ситни трици
2-3 лажици чиа семе
сечкано јаболко
млеко од соја од ванила или чоколадно, или друго млеко или јогурт (можете да користите и природен сок од овошје или зеленчук)
цимет, рендан кокос, мелени лешници или мелено семе од лен

Подготовка:
Претходната вечер чиа семето потурете го со малку млеко и оставете го да отстои за да набабри. Наутро измешајте ги сите останати состојки со чиа семето и додадете уште малку млеко или друга течност по ваш избор. За појадокот да биде уште повкусен, можете да додадете малку цимет, рендан кокос, мелени лешници или мелено семе од лен. Овој појадок треба да се јаде веднаш штом ќе станете, за да стартува метаболизмот и да согорува повеќе калории.
По една или две недели ќе видите драстично подобрување. Ќе имате повеќе енергија, нема да имате потреба од слатки и нездрава храна, а стомакот ќе ви работи како часовник.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK