мај 6, 2026

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја посети Старата скопска чаршија – културното и историското срце на градот, место кое низ вековите го обликува неговиот идентитет и дух.

Ѓорѓиевски беше во друштво со локалните занаетчии и еснафи, луѓе кои со генерации ги чуваат традициите и автентичноста на Чаршијата. Средбата помина во отворена дискусија за проблемите со кои се соочуваат, а централна тема беше – запоставеноста од институциите.

Занаетчиите истакнаа дека со години наназад испраќаат дописи и реакции до надлежните, но нивните барања остануваат без одговор. Најболното прашање – раскопаната калдрма, која по интервенции на јавното претпријатие „Водовод“ останала во очајна состојба, без санација. Овој симбол на Чаршијата, кој е законски заштитено културно наследство, денес е и срам за градот и опасност за минувачите.

Занаетчиите побараа:

  • Целосна реконструкција на делови од Чаршијата со почит кон историската автентичност,
  • Поставување на подземни контејнери за подобра хигиена,
  • Поголема грижа и системски пристап од страна на градските власти.

Ѓорѓиевски порача дека нивните барања се оправдани и јасно ги стави како приоритети во својата изборна програма:

„Чаршијата заслужува грижа, а Скопје заслужува да биде повторно достоинствен град – метропола со културен идентитет, привлечна за посетители и топол дом за сите скопјани. Град кој зрачи со ред, автентичност и иднина. Заедно, ќе го направиме тоа можно.“

Посетата на Ѓорѓиевски доаѓа во време кога урбаниот хаос и запоставеноста на културното наследство стануваат сè поголема болка за граѓаните на главниот град. Занаетчиите во Чаршијата велат дека конечно чувствуваат дека некој ги слуша.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK