Душан Тадиќ, во текот на преодниот рок се поврзуваше со Атлетико Мадрид и Црвена звезда, кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати.
Поранешниот играч на Фенербахче ќе биде член на Ал Вахда во следните две години, односно договорот ќе биде потпишан на една плус една година.
Минатата сезона, Ал Вахда заврши на третото место, што беше разочарувачки резултат, па затоа почнаа да го обновуваат тимот. Го ангажираа португалскиот стручњак Жозе Мораиш, а планот очигледно е Тадиќ да биде првата ѕвезда во кампањата за титулата.
Фото/ Принскрин
The post Душан Тадиќ се договорил со Ал Вахда appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
