мај 6, 2026

На 06.08.2025 околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди” со делчевски регистарски ознаки, управувано од Ќ.С.(60) од Делчево, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата 57-годишна сопатничка С.С. од Делчево.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK