септември 21, 2024

– Раководството на лондонски Арсенал испрати нова понуда за фудбалерот на Шахтјор и украински репрезентативец Михаило Мудрик која достигна 70 милиони евра, објавија денеска британските медиуми. 

Мудрик сака да ја продолжи кариерата во Арсенал и веќе се согласи на личните услови кои му ги понуди премиерлигашот. Меѓутоа, Шахтјор неодамна ја одби првата понуда од Арсенал за 22 – годишниот украински репрезентативец која изнесуваше 60 милиони евра. 

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо, кој важи за добар познавач на трансфер пазарот, тврди дека преговорите меѓу Арсенал и Шахтјор напредуваат одлично и до конечен договор преостанува уште двете страни да се усогласат околу бонусите за Мудрик. 

Доколку Мудрик мине во редовите на Арсенал ќе стане второ најскапо засилување во историјата на клубот од северен Лондон по Никола Пепе, чиј трансфер во 2019 година од Ница изнесуваше 80 милиони евра.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK