мај 5, 2026

Утрово во 03:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата ,,Партизанска“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Д.(33) и Х.Е.(38), двајцата од Охрид.

Полициски службеници излегле на местото, по што лицата бил приведени во полициска станица, а бидејќи се пожалиле на повреди А.Д. бил пренесен во Медицински центар Охрид каде му биле констѕатирани телесни повреди, додека Х.Е. бил пренесен во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK