мај 3, 2026

Сообраќајот на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар е во целосен прекин, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Причина за прекинот, како што додаваат од АМСМ, е сообраќајна несреќа што се случила кај мостот „Ростушки“.

На местото на несреќата се присутни екипи на полицијата и итната помош, а сè уште не е соопштено колку возила се вклучени и дали има повредени. Во моментов се врши увид и се работи на расчистување на патот за нормализирање на сообраќајот.

Возачите се повикуваат на внимателност и трпеливост

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK