мај 3, 2026

Перспектива Рекордс го најавува првиот рап фестивал во Прилеп кој ќе се оддржи на 10 август, во недела, со почеток од 16:20 часот.

Настанот е насловен „Ритамот под кулите“.

„Овозможивме конечно после толку време на Прилепската бина повторно да застанат Прилепските легенди Дејви од Македонски синови, Рибио, Дј Мамлио како и еден од најмладите перспективни артисти од Прилеп Адреј – Дре. Дел од нив иако живеат во странство доаѓаат со цел да учествуваат и да го поддржат овој проект. Покрај нив имаме звучни имиња и надвор од Прилеп како што се Брука бенд, ДСШ, ПКМ, Пука козметика, ОС Портеро, Бед Контракт и други“, велат организаторите.

На фестивалот ќе се оддржи и промоција на албумот „Ново руво“ на Дејви од Македонски синови кој е целосно под продукција на Перспектива Рекордс. За музиката преку ден ќе бидат задолжени Дј Мамлио и Дј Узи, ќе се цртаат графити, ќе има рецитирање во слободен стил и ќе има видео промоции на рап спотови. Додека пак во вечерниот термин ќе настапуваат артистите кои ги спомнавме претходно.

Share

The post „Ритамот под кулите“ – прв рап фестивал во Прилеп appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK