мај 2, 2026

Младиот шпански фудбалер Гонзало Гарсија (21), кој се истакна на Светското клупско првенство ова лето, го продолжи договорот со Реал Мадрид до јуни 2030 година, објави клубот.

Гарсија, кој пристигна во Реал во 2014 година на десетгодишна возраст, ги мина сите возрасни категории во клупската академија.

Неговиот договор првично траеше до јуни 2027 година, а дебитираше за првиот тим во ноември 2023 година.

За време на летното клупско Светско првенство, тој го замени Килијан Мбапе пред полуфиналето, кое Реал го загуби од Пари Сен Жермен со 0:4, и го заврши натпреварувањето како најдобар стрелец со четири гола и се најде во идеалниот тим на турнирот, избран од ФИФА.

Минатата сезона тој беше еден од најдобрите играчи во резервниот тим на Реал, за кој постигна 25 гола.

Фото/ Принскрин

Share

The post Реал му го продолжи договорот на Гонзало Гарсија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK