– Јапонското обвинителство покрена обвинение против осомничениот за убиството на поранешниот премиер Шинзо Абе, откако осомничениот беше прогласен способен за судење по повеќемесечен психијатриски надзор.
Тецуја Јамагами (42) беше уапсен во јули минатата година веднаш по убиството во Нара во западна Јапонија, каде поранешниот премиер држеше говор на предизборен митинг.
Осомничениот напаѓач и рекол на полицијата дека го убил Абе поради неговите наводни врски со контроверзната религиозна група „Црквата на обединување“. Таа е поврзана со некои членови на владејачката партија во Јапонија.
Следете не, не има насекаде