април 17, 2026

Безживотното тело, пронајдено попладнево во близина на селото Трпејца, е на нуркач кој претходно денеска исчезна во водите на Охридското Езеро. Според очевидци, лицето било облечено во нуркачко одело и имало целосна опрема за нуркање.

Претходно беше објавена веста дека 52-годишен државјанин на Бугарија исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри, над селото Трпејца. Инцидентот се случил денеска околу 13:15 часот, а за негово пронаоѓање беа ангажирани тимови од Езерската полиција, Црвен крст и нуркачи од клубот „Амфора“.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, попладнево го потврди инцидентот и соопшти дека телото е извлечено од голема длабочина. Причините за несреќата засега не се познати

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK