септември 21, 2024

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен локалeн слаб дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег, претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб ветер од северен правец.
Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Во понеделник времето ќе биде наутро студено со појава на магла по котлините. Преку денот ќе биде променливо облачно, а доцна попладне и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Во вторник времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK