мај 5, 2026

Поп-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ неодамна беше подложена на сложена операција која траела цели осум часа. Иако се огласи по зафатот и нагласи дека се чувствува добро, не сакаше да открие детали околу самата интервенција.

Според информациите, пејачката подолго време имала проблем со кила на стомакот, а претходно зборуваше и за болки во кичмата поврзани со силиконските импланти во градите. Најверојатно поради тоа дошло до потреба за хируршка интервенција.

Зафатот беше внимателно чувана тајна, а јавноста дозна за него преку емисијата „Ceca Show“, каде што беа прикажани делови од процесот.

Цеца цело време имаше медицински стегач преку градите – што вообичаено се користи по операции со импланти – па затоа се шпекулира дека можела да направи и корекција на градите.

Најголемата поддршка ѝ била сестра ѝ Лидија Оцоколиќ, која не се одвојувала од неа и заедно со пејачката отпатувала во Истанбул, каде што беше извршена интервенцијата.

Share

The post Цеца Ражнатовиќ подложена на сложена операција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK