мај 5, 2026

На 15.08.2025 во СВР Велес е пријавено дека околу 15:48 часот на регионалниот пат Велес– Градско, наспроти наплатна станица Стоби, мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(52) од Градско, удрил во патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, кое од страна на Ј.К.(37) од Градско било паркирано надвор од коловозот.

Од добиените повреди на местото на несреќата починал Д.Н.. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извршен е увид од јавен обвинител, во содејство со увидна екипа од СВР Велес.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK