Храброста и човечноста понекогаш можат да направат разлика меѓу живот и смрт.
Таков е примерот на полицискиот службеник Кристијан Стефановски, кој без двоумење скокна и спаси девојка од водите на Вардар.
Денеска на бреговите на Вардар се случи драматична акција за спасување, во која полицискиот службеник Кристијан Стефановски од Полициската станица – ОН Карпош покажа исклучителна храброст и пожртвуваност.
По добиена пријава дека младо девојче скокнало во реката и не давало знаци на живот, полициските екипи веднаш пристигнале на лице место. Во тие моменти на неизвесност, Стефановски без двоумење влегол во водите на Вардар и успеал да ја извади девојката на брегот.
Присутните сведоци раскажуваат дека моментов бил вистинска борба со времето, а брзата реакција на полицаецот направила разлика меѓу живот и смрт.
Девојката, која по извлекувањето давала знаци на живот, веднаш била предадена на екипа на Итната медицинска помош и пренесена во Ургентниот центар.
Овој чин предизвика бројни пофалби и изрази на благодарност од граѓаните. „Храброста и човечноста што ја покажа полицаецот Стефановски се за восхит и пример за сите,“ велат очевидци.
Со ова дело, полицаецот Кристијан Стефановски уште еднаш ја потврди мисијата на полицијата – да биде во служба на граѓаните и да го чува она што е најважно – човечкиот живот. Видео ТУКА
Следете не, не има насекаде
