септември 21, 2024

„Со изградба на националниот стадион во Сурчин со највисоки стандарди на УЕФА, Србија ќе се вброи во редот на земји кои ќе можат да организираат врвни фудбалски настани, како што е финалето на Лигата на шампиони“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин, со кого разговараше за зајакнување на соработката, за заедничките активности во поглед на промовирање на највисоките вредности за кои се залага европската куќа на фудбалот, како и за големите проекти во кои Србија вложува во согласност со стандардите на УЕФА, соопштија од Кабинетот на српскиот претседател.

Вучиќ во текот на состанокот истакна дека Чеферин значително ја унапредил УЕФА, и дека Србија и нејзиниот национален фудбалски сојуз (ФСС) ќе останат веродостоен партнер на УЕФА кога станува збор за залагање за конкретна реализација на стратегијата за континуиран напредок на фудбалскиот спорт.

„Вучиќ особено го истакна силниот замав на вложувања на Србија во фудбалот во целина, а особено во изградбата на стадиони низ Србија и додаде дека во момент се градат врвни стадиони во Лесковац, Зајечар, Лозница и други градови каде што е ова планирано, додека во Сурчин се планира изградба на национален стадион со највисоки стандарди на УЕФА, со што Србија ќе се вброи во редот на земји кои ќе можат да организираат врвни фудбалски настани, како што е финалето на Лигата на шампиони“, се наведува од Кабинетот на Вучиќ.

Се додава дека Чеферин му се заблагодарил на Вучиќ за топлото гостопримство и истакнал дека соработката со ФСС е на исклучително ниво. Чеферин нагласил дека УЕФА и ФСС работат заедно и посветено на реализација на стратегија која, пред сè, промовира квалитетен фудбал, меѓусебна доверба, конкурентност и севкупен просперитет на фудбалскиот спорт, особено на младите фудбалери на кои треба да им се обезбеди најдоброто и фер услови за развој и напредок.

Тие се согласиле, како што е наведено од Кабинетот на српскиот претседател, дека вложувањата во стадиони и во унапредувањето на фудбалот даваат огромен придонес за подобрување на конкурентската рамнотежа во европскиот фудбал и намалување на јазот меѓу елитните и останатите клубови, што претставува една од главните цели на дејствување на УЕФА во наредниот период.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK