декември 28, 2024

Во американските сојузни држави Алабама и Кентаки денеска силно торнадо оштети куќи, урна далноводи и корнеше дрвја, соопшти Националната метеоролошка служба во Бирмингем и Луисвил.

Градоначалникот на Селма, Џејмс Перкинс, изјави за VSFA дека најмалку едно лице се верува дека е заробено во зградата и дека уште едно лице може да се води за исчезнато, пренесе АП.

Tornado in Greensboro, Alabama around 11 am central time. pic.twitter.com/byiNdhSFN2

— Brad Sowder (@TheBradSowder) January 12, 2023

Повеќекратни предупредувања за торнадо беа издадени денеска во Алабама, Мисисипи и Тенеси.

Националната метеоролошка служба во Луисвил, Кентаки потврди дека торнадо ЕФ-1 падна во округот Мерсер со соборени далноводи, оштетени домови и соборени дрвја.

Во соопштението на Националната метеоролошка служба во Бирмингем се вели дека торнадото предизвикало штета додека се движело низ градот Селма, како и низ другите окрузи во Алабама.

Moments ago as the Alabama tornado moved north of Prattville and across Interstate 65 #alwx pic.twitter.com/VTcfyLDdXd

— Steve Glazier (@SteveGlazier) January 12, 2023

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо во неколку окрузи северно од главниот град на Алабама, Монтгомери.

„Ова е ситуација опасна по живот. Засолни се сега“, предупреди метеоролошката служба за торнадото.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK