мај 5, 2026

Државјанин на Романија бил приведен затоа што при обид за влез во државава преку граничниот премин „Табановце“, кај него била пронајдена дрога, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа околу 22 часот на граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.О., на возраст од 36 години од Романија. При гранична проверка и преглед на патничко возило „бмв“ со романска национална ознака, што А.О. го управувал, била пронајдена и одземена марихуана, појаснија од МВР.

По целосно документирање на случајот, како што истакнаа, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK