мај 5, 2026

Францускиот фудбалер Едуардо Камавинга би можел да го смени клубот и да се пресели од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед.

Тренерот на тимот од „Олд Трафорд“ Рубен Аморим сака засилувања во средниот ред, првата идеја беше да се доведе Карлос Балеба од Брајтон, но Јунајтед нема намера да плати 120 милиони евра.

Како што објави „Фихајес“, Јунајтед се насочи кон Едуардо Камавинга и се очекува дека Реал би можел да го пушти за 80 милиони евра.

Според шпанските медиуми, постои и трета опција, а тоа е Лисиен Агуме од Севилја, кој според клаузулата во договорот може да замине за 35 милиони евра.

Сепак, според сите извештаи, Агуме е резервна опција, доколку Јунајтед не успее да го доведе Камавинга во своите редови.

Моментално е непознато дали Реал сака да се откаже од францускиот фудбалер.

Фото/ Принтскрин

Share

The post Манчестер јунајтед го сака Камавинга appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK