мај 5, 2026

Заталкано зрно од огнено оружје заврши во автомобил во станица за технички преглед во Чаир.

Според информациите на МВР, вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје, Б.А. (49) од Скопје пријавил дека во кругот на станица за технички преглед на подрачјето на Чаир од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило Citroën со скопски регистарски ознаки.

Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK