мај 5, 2026

Премиерот Мицкоски по денешниот настан во компанијата „Амфенол” во Кочани отишол на гробиштата за да запали свеќа за жртвите во најголемата трагедија во историјата на државата. Како што објави еден од родителите на загинато девојче во трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс”, тој тоа го направи тивко и достоинствено.

-Разбрав дека денес премиерот бил на гробиштата во Кочани и запалил свеќа на гробовите на нашите ангели. Само тивок и достоинствен чин. За нас, родителите, секој кој ќе застане со почит пред болката што ја носиме е пред се човек. Денес така го доживеав и премиерот, како човек. Ве молам, не ја злоупотребувајте оваа болка за политика и дневни поени. Болката е наша, а гестот беше човечки. Тоа е доволно, вели родителот во објава

на Фејсбук

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK