мај 4, 2026

Вики
Македонија
Припадниците на шумската полиција добиваат право на бенефициран стаж
20/08/20251 Min Read

Припадниците на шумската полиција добиваат бенефициран стаж, нешто кое долги години го барале, но не било реализирано до сега, информираше денес Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Во „Службен весник“ објавен е Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење.
Со ова, припадниците на шумската полиција добиваат право на бенефициран стаж – право што долги години го бараа, но и покрај бројните ветувања, сè до сега остануваше нереализирано.

Со оваа одлука, се оддава почит и признание за секојдневната работа, пожртвуваноста и ризикот што шумските полицајци го преземаат во заштитата на шумите и природните ресурси на нашата држава.
Ова е уште еден показател за вреднување на трудот на оние кои постојано се во заштита на заедничкото добро.
Со јасна визија и посветеност, резултатите се неминовни и тоа во интерес на сите нас, порача министерот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK