мај 4, 2026

Бразилецот Даглас Луиз ќе игра во црвениот дрес на Нотингем Форест во новата сезона. Луиз пристигна од Јувентус на едногодишна позајмица со опција за откуп следното лето.

Овој 27-годишен Бразилец се враќа во англискиот фудбал по една година играње во Серија А. Во својот нов клуб, тој ќе го носи бројот 12.

На „Сити граунд“ ќе им се приклучи на четворицата сонародници (Муриљо, Игор Жезус, Морато и Жаир Куња).

Даглас Луиз ја започна својата кариера во родниот Рио де Жанеиро, во Васко де Гама, каде што го привлече вниманието на Манчестер сити, за кого потпиша во 2017 година. Откако помина две години на позајмица во Шпанија, во Џирона, тој се пресели во Астон Вила во 2019 година, каде што одигра над 200 натпревари.

Тој играше брилијантно за клубот од Бирмингем, чии навивачи го избраа за играч на сезоната во 2023/23. Најдобро се снаоѓа на позицијата централен играч од средниот ред. Во дресот на Астон Вила, тој постигна 22 гола и запиша 24 асистенции.

Луиз, исто така, играше 18 пати за Бразил и освои златен медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.

Минатото лето за 51 милион евра од Астон Вила се пресели во Јувентус. Не успеа да се адаптира на италијанскиот фудбал, не успеа да се избори за стандарден статус во првиот тим ни кај Тијаго Мота, ни кај Игор Тудор. Навивачите и медиумите го прогласија како едно од најлошите засилувања во историјата на славниот клуб.

Share

The post Сега е официјално – Даглас Луиз во Нотингем Форест appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK