септември 21, 2024

Ејдан и официјално се враќа во новото продолжение на „Сексот и градот“, потврди „Еј-би-о“ и објави неколку слики на кои тој и Кери се држат за рака и шетаат низ Њујорк.

„Пст, не кажувајте никому“, напишаа на Инстаграм и ја најавија новата сезона од серијата, која се снима во моментов.

Уште лани американските медиуми пишуваа дека Ејдан (Џон Корбет) ќе се врати во серијата, но продуцентите не го потврдија тоа официјално. Тогаш рекоа дека сакаат Кери (Сара Џесика Паркер) да ја прежали смртта на Ѕверката (Крис Нот) и дека ликот на Ејдан би бил излишен во целата приказна.

За потсетување, Ејдан беше дел од филмот „Сексот и градот 2“. Тој и Кери се сретнаа на пазар во Абу Даби, каде што Ејдан ѝ кажа дека е женет.

Продуцентите за сега не откриваат дали ќе продолжи љубовната приказна на Кери и Ејдан или сликите се дел од промотивната кампања за серијата.

The post Кери и Ејдан повторно заедно: објавени први слики од новата сезона на „Сексот и градот“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK