септември 21, 2024

Пејачот Џон Леџенд и неговата сопруга, манекенката Криси Тајген, третпат станаа родители. Веста за раѓањето на бебето Џон ја открил среде концерт, пренесе магазинот „Пипл“.

„Криси утрово го роди нашето бебе. Ова е благословен ден. Не спиев многу, оти бев во болница, но сега сум полн со енергија“, рекол Леџенд на концертот.

Двојката ги има ќерката Луна и синот Мајлс. Пред две години Криси го изгуби бебето неколку недели пред породувањето. Поради крварење била примена во болница, а лекарите забележале дека срцето на бебето не работи, по што морале да ја породат предвреме, но не успеале да го спасат бебето. Тогаш Криси и Џон открија дека бебето било машко и дека сакале да се вика Џек.

Оваа бременост Криси ја криеше од јавноста и за сега не се знае полот на бебето, ни името на детето.

 

The post Џон Леџенд и Криси Тајген станаа родители откако пред две години го изгубија бебето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK