мај 4, 2026

Премиерот на Албанија, Еди Рама, објави ново видео во кое се гледа уривање на дивоградби во Драч, како дел од неговата нова кампања „Урбана ренесанса 2.0“. Акцијата, според властите, има за цел ослободување на окупираните јавни површини низ целата земја и претставува дел од подготовките за членство во Европската Унија до 2030 година.

Кампањата предвидува отстранување на времени објекти и огради поставени на тротоари и други јавни простори. Општинските власти имаат задача да ги срушат сите објекти на оние кои не ги почитуваат официјалните наредби.

 

Паралелно со ова, државата ја промовираше и новата апликација „Мој јавен простор“, преку која граѓаните можат директно да пријавуваат узурпација на јавниот простор, со што властите ќе добиваат побрзи информации и ќе реагираат ефикасно.

„Ова е патот кон создавање на европски стандарди во нашите градови“, порача премиерот Рама.

ЛИНК до видео

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK