Србија е казнета поради скандирање на навивачите на натпреварот против Швајцарија на Светското првенство.
Светската фудбалска организација ( ФИФА ) жестоко ја казни Србија поради однесувањето на навивачите на натпреварот против Швајцарија на Светското првенство .
Српските фудбалери во последниот натпревар од групната фаза на натпреварувањето бараа победа против Швајцарија и пласман во осминафиналето, но на крајот беа поразени со 3:2, па на крајот завршија на последното место на група со само еден освоен бод.
Во текот на натпреварот дојде до многу тепачки меѓу играчите, навреди и туркање, а ваквата атмосфера набрзо се пресели и на трибините.
Српските навивачи на национална основа ги навредуваа швајцарските репрезентативци со албанско потекло, особено Гранит Џака и Џердан Шаќири. Поради ова, ФИФА им ја „пресече“ казната во износ од 50 илјади франци.
Следете не, не има насекаде