мај 4, 2026

Двајца пешаци од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а уште две лица со полесни, во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на регионалниот пат Меџитлија – Старавина.

Според информациите од СВР Битола, несреќата се случила околу 16:25 часот, кога четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од 36-годишниот Н.Ј. од општина Новаци, удрил во пешаците Х.С. (25) и В.Т. (36), двајцата жители на Прилеп.

Пешаците завршиле со тешки телесни повреди. Но, последици имало и за возачот на четирициклот, кој заедно со сопатникот С.Р. (32) од Австралија, се здобил со телесни повреди.

Сите повредени биле пренесени во Клиничката болница во Битола, каде лекарите ги констатирале нивните повреди и им укажале медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Битола, а причините за несреќата се истражуваат.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK