Пејачката Александра Пријовиќ постојано е во центарот на вниманието поради бракот со најстариот син на Боба Живојиновиќ, Филип.
Постојано имаше гласини дека не се во добри односи и дежурните коментатори постојано ги ставаа на тапет и им предвидуваа развод без да знаат дека тоа е болна точка на пејачката.
Пријовиќ дури и се расплака пред камерите кога натпреварувачката Снежана Босанчиќ пред неколку години во емисијата „Никогаш не е доцна“ ја испеа песната „Теби мајко мисли лете“.
Имено, во таа прилика Снежана раскажа и една тешка животна приказна која никого во студиото не остави рамнодушен. Таа откри дека некогаш живеела во Тузла, а потоа се омажила во Ужице и добила син.
По шест години брак, Снежана се развела и заминала во Зворник, а потоа се омажила вторпат во Улцињ, додека нејзиниот син останал кај татко му и ја посетувал само за време на празниците. Нејзината болка најдобро ја разбрала Прија, чии родители се развеле кога таа била дете.
Александра Пријовиќ во солзи: Се разведе а синот остана кај таткото- ова и го скрши срцето
Солзите на Александра Пријовиќ ја расплакаа публиката, а пејачката едвај имаше сила да го коментира пеењето на Снежана.
Пријовиќ во една прилика откри дека најболната тема за неа е разводот на нејзините родители.
Уште како тинејџерка кога нејзините родители се развеле, овој немил настан пејачката, судејќи по претходните изјави, го смета за рана која се уште не е целосно зарасната.
Недељко и Борка Михајловиќ, родителите на Александра, не успеаа да опстанат во бракот а Александра во една прилика за српски Блиц откри и како се одвивала нивната комуникација по разводот:
– Нема ништо потешко. Поточно, моите родители имаат убав однос по разводот. Страдам затоа што отсекогаш сум имала желба моето семејство да биде заедно. Никогаш нема да биде исто, секогаш замислувам како се заедно – изјави Пријовиќ за „Блиц“.
Исто така, Александра е многу благодарна на своите родители, но никогаш не може да преболи дека нивната љубов избледе.
– Мајка ми работеше и пееше, одеше далеку од дома поради тезгите. Меѓутоа, бидејќи не сакаше да останам сама, таа се враќаше секој пат без разлика колку километри нејзиниот настап беше оддалечен од Бели Манастир. Таа се враќаше дома уморна за да биде со мене и тоа е нешто што сега многу го ценам. Горда сум на моите родители кои ми дадоа се во животот иако беа разведени. Тешко ми е и сега што двајцата не можеа да живеат заедно – додаде пред неколку години сопругата на Филип Живојиновиќ.