декември 29, 2024

Моите молитви се со семејствата на починатите. На сите ни е премногу познато лошото време, но нашите луѓе се отпорни. Ќе го преживееме ова и ќе бидеме уште посилни – додаде Ајви, пренесува Ројтерс.

Најмалку шест лица загинаа во невремето и торнада што вчера го погодија центарот на Алабама, изјави гувернерот на Алабама Кеј Ајви.

– Моите молитви се со семејствата на починатите. На сите ни е премногу познато лошото време, но нашите луѓе се отпорни. Ќе го преживееме ова и ќе бидеме уште посилни – додаде Ајви, пренесува Ројтерс.

Вчера гувернерот прогласи вонредна состојба во шесте области на Алабама кои беа најтешко погодени од невремето.

More tornado damage from Selma… photos from Alexis Nicole pic.twitter.com/2AlyxYyTtF

— James Spann (@spann) January 12, 2023

Областите за кои станува збор се Отаго, Чемберс, Куза, Далас, Елмор и Талапуза.

Силните ветрови и обилните дождови оштетија домови и прекинаа струја во десетици илјади домови во делови од Џорџија, Мисисипи и Алабама.

Повеќе од 250 летови од меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон во Атланта и меѓународниот аеродром Шарлот Даглас во Даглас беа откажани или одложени.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK