Иранско-британскиот државјанин Алиреза Акбари е погубен откако беше осуден на смрт за шпионажа, објави денеска државната новинска агенција Мизан, цитирана од светските агенции.
Иранските државни медиуми претходно објавија дека Акбари е осуден на смрт под обвинение за шпионирање за Велика Британија, а Врховниот суд ја одбил неговата жалба.
Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли вчера изјави дека Иран не смее да го погуби Акбари, поранешен заменик – министер за одбрана на Иран.
Велика Британија ја оцени смртната казна на Акбари како политички мотивирана казна и повика на негово итно ослободување.
Следете не, не има насекаде