мај 3, 2026

На 28.08.2025 во 17:00 часот во СВР Тетово е лишен од слобода З.Б.(75) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“, а по претходна пријава од 11.08.2025 од страна на 42-годишна жена од тетовско дека З.Б. полово ја вознемирувал нејзината малолетна ќерка.

Од страна на полициски службеници од СВР Тетово по добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на З.Б., при што се пронајдени и одземени мобилен телефон, лап топ компјутер, ресивер и други предмети.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK