мај 3, 2026

Киро Кипроски новинар и публицист почина утрово на 76 годишна возраст. Тажната вест ја објавија членови на неговото семејство.

Во неговата петдецениска кариера најдолго работеше во локалната радиостаница Радио Гостивар, а како дописник соработуваше со МИА, Нова Македонија, Утрински Весник, Макфакс, Радио Скопје, Екран, Дојче Веле и повеќе неделници и ревии од поранешната Југославија.

Автор е петнаесетина монографии и книги за кои добил и признанија. Тој на читателската публика и е познат по репортажите фотографиите од посетите на Света Гора, Кина, Египет и особеностите на мијачкиот крај. Кипроски беше заштитен знак на манифестацијата „Галичка Свадба“ и ги следеше сите нејзини изданија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK