мај 3, 2026

По деценискиот проблем со канализација и водоснабдување, жителите на скопските населби Бел Камен и Кучевишка Бара конечно ќе добијат модерна канализациона мрежа и прочистителна станица.

Долги години овој проблем остануваше нерешен поради административните неусогласености – иако територијално населените места припаѓаа на општина Чучер-Сандево, жителите гласаа во општина Бутел, поради што институциите меѓусебно ја префрлаа одговорноста.

Градоначалникот на Чучер-Сандево, Сашо Комненовиќ, преку својот Фејсбук профил објави дека проектот конечно е во реализација:

„Додека сите претходно ви ветуваа, ние РЕАЛИЗИРАМЕ. Во Кучевачка Бара и Бел Камен се изведува канализациона мрежа, а за прочистителна станица во моментов е во тек јавната набавка за избор на изведувач. Дилемата веќе е разјаснета – Кучевачка Бара и Бел Камен добиваат канализациона мрежа и прочистителна станица. Во повеќе наврати се обидоа да не спречат во нашата намера да го отпочнеме овој проект, но нашата упорност и вашата поддршка и желба на крајот победија. Навистина ве замолувам за трпеливост и истрајност додека на терен траат градежните активности. Општина Чучер-Сандево еднакво се грижи за секој свој граѓанин.“

Со ова, жителите конечно ќе добијат современа инфраструктура која значително ќе го подобри секојдневното живеење и ќе стави крај на долгогодишниот проблем.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK