мај 3, 2026

Попладнево силен ветер започна да дува низ Скопје, предизвикувајќи проблеми во повеќе делови од градот. Најдраматична сцена се случи во Чаир, каде силните налети на ветрот откорнаа кров од една од станбените згради.

На видеото на кое се гледа моментот кога кровната конструкција се крева и паѓа.

За среќа, засега нема информации за повредени лица, но материјалната штета е значителна. Жителите на Чаир велат дека ваква сцена не паметат и дека се исплашиле од силата на ветрот.

Метеоролозите најавуваат нестабилно време и апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено во близина на конструкции и објекти кои би можеле да претставуваат опасност.

ЛИНК до видеото

https://www.instagram.com/reel/DN-8DPBAocP/?igsh=OWU1YTdvYTd5eXJy
Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK