јануари 6, 2025

 Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин при вчерашната посета на Белград не ја исклучи можноста за формирање регионална фудбалска лига, но истакна дека тоа во моментов е ризична опција.

„Не исклучувам можност за формирање регионална лига. Сепак, во моментов е многу ризично да се организира таква лига во нашиот регион или во границие на поранешната држава”, изјави Чеферин.

Тој повтори дека одлуката на ФИФА да го зголеми бројот учесници на следниот Мундијал од 32 на 46 е погрешна.

„Тоа е проблем на ФИФА, но според мое мислење, квалитетот ќе биде помал. Ќе имаме повеќе неинтересни натпревари. Во секој случај, тоа не е проблем на УЕФА и затоа европските првенства се поквалитетни””, оцени Чеферин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK