мај 3, 2026

Еден припадник на полицијата од ПС Карпош се наоѓа во тешка здравствена состојба откако вдишал голема количина чад за време на вчерашниот пожар кој избувна во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Според информациите, полицаецот бил пренесен во болница веднаш и му е укажана итна лекарска помош. Неговата состојба се следи од страна на медицинските екипи.

Публиката, ракометарите и спортските работници беа безбедно евакуирани. Според информациите од МВР, полициските службеници кои биле ангажирани за обезбедување на турнирот веднаш се вклучиле во гаснењето заедно со екипите од противпожарна заштита.

Како последица на вдишување чад, девет полициски службеници завршија на Одделот за токсикологија каде им е обезбедена кислородна поддршка.

извор: 4news.mk

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK