мај 3, 2026

Додека навивачите на Галатасарај, доцна синоќа, ја славеа победата над Ризерспор, од другата страна на Босфорот дојде шокантната вест: „Едерсон е наш!“

Водечкиот европски трансфер инсајдер Фабрицио Романо, објави дека дека голманот на Манчестер сити го избрал Фенербахче пред најголемиот ривал Галатасарај.

Италијанецот тврди дека Фенер влегол во преговори со Сити откако во Истанбул се проширила веста дека понудата на Галата од десет милиони евра за 32-годишниот бразилски голман не била доволна.

Малку подоцна, Романо објави дека практично сите услови за преселба на Џанлуиџи Донарума на „Етихад“.

Едерсон го носеше светло синиот дрес 372 пати и одигра активна улога во освојувањето на шест титули во англиската Премиер лига, два ФА купа, четири Лига купа и титулата во Лигата на шампионите во 2023 година.

Фото/ Принтскрин

Share

The post Додека Галтасарај славеа победа над Ризе, Фенербахче им го „украде“ Едерсон appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK