мај 3, 2026

Фудбалерите на Јувентус ја победија Џенова на гостински терен во второто коло од Серија А со 1:0.

Единствениот стрелец беше српскиот фудбалер Душан Влаховиќ во 73-та минута, на асистенција на неговиот сонародник Филип Костиќ.

Јувентус изгледаше лошо во поголемиот дел од натпреварот, се мачеше да создаде шанса, па Џенова лесно ги одбиваше нападите на противникот.

Клучен момент беше 70-минута кога тренерот Игор Тудор на теренот ги испрати Влаховиќ и Костиќ. Три минути подцна српската врска му ја донесе победата.

Во следното коло Јувентус го очекува големото дерби против Интер.

Foto/ corriere.it

Share

The post (Видео) Влаховиќ за победа на Јувентус во Џенова appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK