мај 3, 2026

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Бразилецот Антони е блиску до враќање во Бетис, откако двата клуба постигнаа договор за висината на обештетувањето.

„Атлетик“, тврди дека Манчестер јунајтед ќе заработи 25 милиони евра од продажбата на крилниот напаѓач, како и 50 проценти од следниот трансфер.

На овој начин е решен проблемот, бидејќи Бетис не беше во позиција да плати повеќе за фудбалерот кој блесна во зелено-белиот дрес во вториот дел од минатата сезона. Вреди да се потенцира дека Антони, кога стана вишок на „Олд Трафорд“ преферираше само трансфер во Бетис.

Ентони е член на Јунајтед од 2022 година, кога клубот му плати 95 милиони евра за неговите услуги на Ајакс.

Foto/ EPA/Pawel Jaskolka

Share

The post Бетис и Манчестер јунајтед го договориле трансферот на Антони appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK