мај 3, 2026

Особено ми е мило што имав можност да ја почувствувам радоста на 1-ви септември во новата училишна зграда на ООУ „Кочо Рацин“ и да упатам најубави желби за успешен почеток на новата учебна година.

‎Драги ученици, најдраги првачиња, нека вашите чекори бидат сигурни, вашите насмевки искрени, а вашите срца отворени за училишни успеси. Вие сте наша радост, наша гордост и мотив да работиме уште повеќе за да ви обезбедиме подобри услови за среќно и безгрижно детство.

‎Нека е честит првиот училишен ден, нека е среќна и успешна новата учебна година во Охрид! Да славиме и да се радуваме заедно на големи училишни успеси.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK