мај 3, 2026

Познатиот актер Мадс Микелсен (59) изгледа подобро од кога било, и токму затоа сите коментираат дека тој е еден од ретките мажи кои стареат грациозно, а сепак претставуваат достојна конкуренција на многу помладите.

Тој се појави на Венецискиот филмски фестивал со сопругата Хана Јакобсен, а двајцата шармираа со своите модни изданија.

Микелсен се одлучи за провереното, па затоа избра елегантен црн костум и ги воодушеви сите со својот монохроматски изглед, додека неговата сопруга блескаше во долг фустан со цветни мотиви.

Успеа да стане сакан и од женската и од машката публика, а го донесе духот на Скандинавија во Холивуд и стана синоним за успехот на данската филмска индустрија. Поради цртите на лицето, тој е најпознат по улогите на негативци.

Иако долго време е голема ѕвезда и еден од омилените мажи во Данска, тој ги следи сличните стапки во Холивуд, со оглед на тоа што секое негово појавување предизвикува мноштво позитивни реакции, особено од жените.

Годините го прават уште посекси и позаводлив, па затоа не е изненадувачки да се слушнат коментари како „мојата сексуална ориентација е Мадс Микелсен“, „Овој маж е најубав на светот“.

фото: принтскрин

Share

The post (Фото) Најпознатиот негативец повторно ги излуди жените appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK